Звонко Кочовски
Партнер
Звонко Кочовски е Партнер во Крестон Македонија, со 25-годишно искуство во областите на ревизија, советодавни и корпоративни финансии. Тој е овластен ревизор, овластен сметководител, овластено вешто лице во областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење и овластен проценител.

Работел во БДО 20 години, а над 2 години како финансиски контролор во индустријата со тутун. Тој е активно вклучен во проекти за обука и учествува на настани организирани од Стопанската комора, Институтот за овластени ревизори итн. Од 2000 година тој е активно ангажиран на полето на ангажмани за ревизија и уверување за клиенти од различни типови на индустрија, проекти за спојување и превземање, длабински анализи и проценки на бизнисот. Специјализиран е за ревизии на проекти на УСАИД, ЕУ и други фондови.

Крестон Македонија ДООЕЛ Скопје е фирма членка на Kreston Global. Kreston Global e глобална мрежа на фирми и секоја од нив претставува посебен и самостоен правен ентитет, која не одговара за дејствијата и пропустите на било која друга членка во мрежата. Kreston Global не обезбедува професионални услуги за клиентите во било која земја. Фирмите членки на Kreston Global, се независни и одговорни за професионалните услуги кои ги нудат на своите клиенти.

© 2022 Крестон Македонија. Сите права се задржани.

Крестон Македонија ДООЕЛ Скопје
Ул. Пандил Шишков бр. 5-1/45, 1000
Скопје, РС Македониј
kreston.mk | info@kreston.mk