Крестон Глобал ја поздрави новата фирма членка од Северна Македонија

Мај 13, 2022

Крестон Глобал денеска го пречека Крестон Македонија, со седиште во Северна Македонија, во својата глобална мрежа.

Крестон Македонија е основана претходно оваа година првично како ТПМ ревизија пред да се приклучи на мрежата на Крестон Глобал. Предводенa од основачкиот партнер Ненад Тортевски, обезбедува ревизорски, даночни, сметководствени и форензички услуги за бизнисите кои работат во Северна Македонија, од нејзината канцеларија во Скопје.

Liza Robbins, главен извршен директор на Kreston Global, рече:

„Со големо задоволство ja поздравувамe Крестон Македонија во мрежата на Крестон Глобал. Доживуваме огромно ниво на раст, врз основа на возбудливата работа спроведена низ мрежата во последните месеци и години. Ќе работиме со нашите најнови колеги за да ги изградиме нивните врски низ мрежата додека истражуваат нови можности и дома и во странство“.

Ненад Тортевски, основачки партнер во Крестон Македонија, рече::

„Крестон Глобал се единствени меѓу глобалните мрежи, во комбинација на воспоставен бренд со етос на динамика, како и водечки услуги на пазарот. Тие беа природен партнер за нас додека се впуштаме во овој возбудлив потфат“.


Крестон Македонија ДООЕЛ Скопје е фирма членка на Kreston Global. Kreston Global e глобална мрежа на фирми и секоја од нив претставува посебен и самостоен правен ентитет, која не одговара за дејствијата и пропустите на било која друга членка во мрежата. Kreston Global не обезбедува професионални услуги за клиентите во било која земја. Фирмите членки на Kreston Global, се независни и одговорни за професионалните услуги кои ги нудат на своите клиенти.

© 2022 Крестон Македонија. Сите права се задржани.

Крестон Македонија ДООЕЛ Скопје
Ул. Пандил Шишков бр. 5-1/45, 1000
Скопје, РС Македониј
kreston.mk | info@kreston.mk