Ненад Тортевски
Управувачки партнер
Ненад Тортевски, овластен ревизор е Управувачки Партнер во Крестон Македонија. Своето високо образование го има стекнато на економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а исто така и постдипломските студии ги завршил на Економскиот факултет на насоката сметководство и ревизија при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Тој е Овластен ревизор во Република Македонија и член на Институтот за овластени ревизори во Македонија. Поседува лиценца за Овластен сметководител во Република Македонија и е овластено вешто лице во областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење, член на Комората на вештаци на Република Македонија.

Ненад Тортевски има повеќе од 15 години искуство локално и регионално во полето на ревизијата, даночното советување, превземања, длабински анализи, вештачење и сметководствени услуги.


Крестон Македонија ДООЕЛ Скопје е фирма членка на Kreston Global. Kreston Global e глобална мрежа на фирми и секоја од нив претставува посебен и самостоен правен ентитет, која не одговара за дејствијата и пропустите на било која друга членка во мрежата. Kreston Global не обезбедува професионални услуги за клиентите во било која земја. Фирмите членки на Kreston Global, се независни и одговорни за професионалните услуги кои ги нудат на своите клиенти.

© 2022 Крестон Македонија. Сите права се задржани.

Крестон Македонија ДООЕЛ Скопје
Ул. Пандил Шишков бр. 5-1/45, 1000
Скопје, РС Македониј
kreston.mk | info@kreston.mk